АНГЛИСКИТЕ ЕКИПИ НЕМА ДА ГИ ПУШТАТ БРАЗИЛСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ПО ЦЕНА И НА КАЗНА ОД ФИФА

Шест англиски екипи нема да ги пуштат своите играчи за настапите на Бразилската селекција по што највројатно ќе се соочат со санкции од ФИФА. Проблем е задолжителниот карантин за патниците од земјата на кариоките која е на црната листа на островот, па тие што ќе се вратат мора да одат во карантин. Тоа претпоставува дека Алисон, Фабињо, Фирмињо, Рафиња, Фред, Едерсон, Габриел Жезус, Ришарлисон и Тијаго Силва по враќањето од Бразил мора да бидат дополнително надвор од своите клубови и да прошуштат по неколку натпревари. Тимовите во отпорот пресметуваат дека за нив би била полесна и петдневна казна за неиграње отколку карантин.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста