Англискиот Супер куп ќе се игра годинава на Вембли на 29 август

Новата сеозна во англиската Премиер лига чие издание беше комплетирано викедот зад нас, ќе стартува на средината од септември.  Вообичаено Суперкупот или борбата за Комјунити шилд тофејот е нејзина соодветна најава, а тој меч годинава ќе се одигра кон крајот на август. Од фудбалската асоцијација на Англија денеска потврдија дека дуелот во кој ќе се соочат Шампионот Ливерпул и побендикот во финалеот од ФА Купот каде допрва на 1.август силите ќе ги одмерат Арсенал и Челси ќе се одигра на стадионот Вембли и тоа на 29.август. Интересно е тоа што по Манчестер Јунајтед кој има најмногу Комјунити шилд торфеи на воторото место се наоѓаат екипите на Ливерпул и Арсенал со по 15 пехари или клубовите кои гоиднава би можеле да бидат противници во споменатата пресметка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста