АНГЛИЈА ПРВ, ИТАЛИЈА ВТОР ФАВОРИТ ЗА ТИТУЛАТА НА ЕВРОПСКИОТ ФУДБАЛСКИ СОБИР

Англија и Италија се сега главни фаворити за освојување на титулата на Европското. Во моментов во прашање се нијанси во полза на Англичаните, но затоа постојат сериозни назнаки за нивни пласман во финалето. Така Англичаните се големи фаворити против Данска со однос 1.65 за победа, 3.75 за реми и 5.5 за триумф на Данците додека тие бројки нормално се поизедначени пред дуелот на Италија и Шпанија со тоа што букмејкерите и даваат предност на Италија со коефициент 2.50 наспроти шпанските 3.10.