Анѓушев сам на себе си додели 106.000 евра државна помош за само еден месец

Кочо Анѓушев, член на Советот за фискални мерки за Ковид-19 – советодавно тело на министерката за финансии, на своја фирма доделил фискална помош поради Ковид-19 во висина од 106.000 евра, објави на својот Фејсбук профил Бранимир Јовановиќ.

 

„Кочо Анѓушев член на Советот за фискални мерки за Ковид19, советодавно тело на министерката за финансии.

Ете зошто си лапна неговата фирма 106.000 евра државна помош (за само еден месец), иако остварува милионски добивки а дава плати под 300 евра.

Ете зошто и ќе нема пари за луѓето што останаа без работа, за сиромашните, невработените, малите фирми.

Ете зошто и никогаш нема да нѐ биде„, пишува Јовановиќ.

 

 

Кочо Анѓушев член на Советот за фискални мерки за Ковид19, советодавно тело на министерката за финансии.Ете зошто си…

Publiée par Branimir Jovanovic sur Jeudi 11 juin 2020

Поврзани вести