Ангеловски ќе може да располага со 26 фудбалери на ЕУРО

Фудбалските репрезентации на претстојното ЕП ќе може да располагаат со дури 26 играчи во тимот. Вака одлучи УЕФА поради згуснатата сезона, која почна нешто подоцна поради пандемијата со Ковид-19. Оваа вест за селекторите отвора повеќе простор за менаџирање во случај на корона-заразени, суспендирани или повредени играчи. Кај нас веќе познато, Илија Несторовски поради повреда го пропушта шампионатот, па така селекторот Ангеловски ќе има широк простор за алтернативни решенија за дуелите со Австрија на 13ти и Украина на 17ти во Букурешт, како и за Холандија на 21 јуни во Амстердам.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста