Ангеловска-Бежоска: Народната банка ќе ги преземе сите мерки за да се задржи ценовната стабилност

Централната банка ќе ги преземе сите мерки за да се задржи ценовната стабилност, уверува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Вели дека будно ги следат сите движења околу инфлацијата и доколку има потреба, соодветно ќе реагираат.

Таа вели дека будно ги следат сите движења и доколку има потреба, соодветно ќе реагираат. Досега, како што изјави, инфлацијата се задржува во умерени рамки. Очекувањата се дека ова забрзување на инфлацијата ќе се стабилизира и веќе од следната година таа ќе биде пониска во однос на оваа година.

  • Досега инфлацијата се задржува во умерени рамки, иако ние направиме ревизија од 1,5 проценти на 2,2 проценти. 2,2 проценти сеуште упатува на задржување на инфлацијата во умерени рамки. Она што е многу значајно кога се зборува за инфлацијата е тоа дека треба да ги знаеме факторите кои ја движат инфлацијата. Во овој случај, во основа се работи за глобални фактори. Ние сме мала отворена економија, растат цените на примарните производи на светските берзи. Но, исто така она што е значајно е дека според меѓународните институции се очекува ова забрзување на инфлацијата да се стабилизира и веќе наредната година да биде поумерена односно пониска од оваа година, рече гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ повика на внимателност и да се следат движењата на инфлацијата во третиот и четвртиот квартал од годинава кои ќе бидат најдобар показател дали моменталните ценовни движења се привремени. Тој препорачува и земјите да го намалуваат  јавниот долг, за да бидат подготвени за нова криза. Гувернерите потпишаа меморандум за продлабочување на соработката меѓу двете централни банки.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста