Ангелова: Се планираат повеќе проекти кои ќе го подобрат квалитетот на студентските програми
Ревизија на студиските програми со цел да се увидат слабосите, дигитализација, кариерно советување. Ректорката на најстариот и најголем универзитет „Свети Кирил и Методиј”, Биљана Ангелова во разговор за „Алфа“ вели дека во иднина се планираат повеќе проекти кои ќе го подобрат квалитетот на студентските програми. Високо место на Шангајската листа ќе биде една од целите, за која како што вели Ангелова не може да биде остварена без соработка со Министерството за образование. Таа ветува и поголем број фондови за наука и истражување, со цел да добијат пристап до најреспактиблните бази.