Андријана Јаневска дел од проект за Гинис, ќе пее како претставник од Република Македонија
“Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach.
Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната“ – напиша Јаневска на својата фејсбук страница.
Јавноста позитивно реагираше на нејзината објава, по што се нижеа позитивни коментари на социјалните мрежи.

КАТЕГОРИИ Култура