Андоновска: СДСМ и Наумовски го одбија ревидирање на ДУП-от на денешната седница, не се откажуваат од градењето на 17 катната зграда

Членот на Советот на општина Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска на својот Фејсбук профил сподели статус во кои пишува дека советниците од СДСМ и Наумовски не се откажуваат од градењето на 17 катната зграда.

-Во интерес на транспарентното работење, сакам да информирам за текот на седницата на совет на општина Ѓорче Петров.
На денешната седница на совет на Општина Ѓорче Петров , како советник од ВМРО ДПМНЕ предложив дневниот ред да се дополни со нова точка за ревидирање на ДУП-от Дексион Јурија каде, СДСМ и Наумовски планираат 17 катна зграда.
Предлогот е едногласно поддржан од советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
За жал, советниците на СДСМ како мнозинство во советот го одбија предлогот.
Урбаната мафија пред интересот на граѓаните
Ревидирање на одлуката за ДУП-от Дексион Јурија е воедно и барање на граѓаните на Ѓорче Петров кој изнесоа повеќе факти зошто бараат да се намали катноста на предвидената зграда и својот револт го искажаа преку мирен протест. СДСМ повторно докажува со дела дека нема слух за народот, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

https://www.facebook.com/andonovska.marija/posts/10157591663523715
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста