Анализа: Колкава е моќта на ДУИ и што може да донесе нивното есенско сценарио?
Нова шарена револуција, обид за пуч, загрозување на стабилноста, немири, насилства на улиците…Кој е планот на ДУИ која не може да мирува откако отиде во опозиција? Во јавноста се зборува за есенско сценарио, за кое лично предупреди и премиерот,но прашањето е за што и колку ДУИ има моќ? Експертите наесен очекуваат експлозија на ултранационализам.
Апсурдно е да веруваме дека може да има војни, но ќе има ренесанса и експлозија на ултранационализам. Водечката реторика на ДУИ е дека ова е моноетничка влада, дека ОРД не се почитува, иако реалноста е поинаква. Застапени се Албанците. Она што може да очекуваме е експанзија на ултранационализам, опасно е дека народот е задоен, се храни со национал-романтизам, кога ќе го испомеша ова со „баби и жаби“, во септември, мислам дека нереди се возможни, на улица, нема да ја остави доволно мирна владата да функционира, но сметам дека имаат доволно зрелост и знаење да ја исконторлират работата. Што е опасно? Ќе се запостават реалните и приоритетни проблеми за решавање, дека она со кое ќе се храниме преку медиумите, ќе биде „системот на наши и ваши“ и на некој начин ќе ја вратат Македонија во 2001 година, но на едно поинакво ниво. Не може да зборуваме дека тој интеретничлки дискурс е запоставен, очекуваме дестабилизација но не во брутална форма вели политичкиот аналитичар, Агим Јонуз.
ДУИ со својата скршена суета ќе испроба многу опции, но се чини оти нивната главна реторика дека Албанците во земјава се понижени не поминува толку добро кај нивните поддржувачи. Според упатените, интегративците ќе мора сериозно да се консултираат за тоа какви чекори ќе преземат од септември, за да не доживеат фијаско кога голем дел од народот нема да им излезе на протести. Токму овие чекори кои сега ги презема опозициската партија, се за да го опипаат пулсот на електоратот.
ДУИ не може да се помири. По секоја цена сака да најде можност. На свој начин се обидуваат да го истестираат народот, дали би излегол на протести. Најверојатно ќе излезат на терен да ги одмерат силите да видат колку е силно членството. Немаат капацитет, дијаспората и луѓето не се заинтересирани. Имајќи предвид дека ДУИ се градеше како клиентелистичка партија, тешко дека ја има истата сила како пред изборите. Не верувам дека ќе имаат толку капацитет да ги издржат тие протести, треба да ги убедуваш тие луѓе, зошто да излезат тие луѓе и дали ќе имаат економски капацитет бидејќи потребни се многу финансиски средства, вели Љуљзим Фаризи, политички аналитичар.
Дека нѐ очекува турбулентна есен, меѓу редови потврди и портпаролот на ДУИ Арбр Адеми, кој рече дека партијата од септември излегува на терен.
ДУИ претходно имаше средба со американскиот експерт Пол Вилијамс, автор на Рамковниот договор, кој беше ангажиран од интегративците за да изнајде решение за почитување на легитимитетот и мнозинството. Веќе подолго време се шпекулира дек ДУИ од септември ќе и даде ултиматум на актуелната власт – или да влезат во Влада ПО принципот „победник со победник“, или ќе бараат на предвремени избори.
Владата веќе обелодени за информациите кои дошле до нив од повеќе канали за планот за дестабилизација на ДУИ и уверуваат дека нема да дозволат да се загрози суверенитетот на државата и безбедноста на граѓаните.