Аналитичари за Aлфа: Kовачевски попушти по аминот од Aхмети, ДУИ се додворува на ВМРО-ДПМНЕ за двојни избори

Аналитичари за Aлфа: Kовачевски попушти по аминот од Aхмети, ДУИ се додворува на ВМРО-ДПМНЕ за двојни избори

Од црст став дека изборите ќе бидат одвоени, од оставање простор да бидат споени во мај. Што се смени кај СДСМ што тврдите ставови за редовни избори во два различни циклуса, се променија во можно сценарио споени избори во ист ден?

Според дел од аналитичарите, одговорот е јасен, она што донесе до ова е изјавата на ДУИ дека прифаќаат избори во ист ден, а со тоа покажаа уште еднаш дека нивниот збор во владата е последен, односно нивното ДА за споени избори, можеби го промени ставот на Ковачевски за да попушти.

Но не е само тоа, според аналитичарот Синиша Пекевски, мекото ДА на Ковачевски е последица на странскиот фактор кој сака споени избори. Што се однесува зошто интегративиците сакаат споени избори е затоа што сакаат да се додворат на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ се свесни дека апсолутно нема никаков кредибилитет, премиерот што е донесен да биде премиер, мислам дека нема никаква улога внатре во партијата и дека неговиот збор не е толку силен, вклучително и неговиот збор кај коалиционите партнери, вели Синиша Пекевски – аналитичар.

Поранешниот вицепремиер и амбасадор, Ивица Боцевски вели дека споените избори му одговараат на ДУИ, за да можат да го извадат гласачкото тело на гласање, додека пак за СДСМ, вели Боцевски, најверојатно процениле дека подобро е еднаш да изгубат, отколку два пати во низа.

Не им е лесна математиката на СДСМ свесни се дека не постои ништо што може да го понудат со цел да ја променат сликата што се оденсува кај нив помеѓу народот, изборот е дали еднаш ќе добијат политички ќотек на едни избори или два пати ќе добијат политички ќотек на два различни циклуса, така што веројатно избраа дека помалку боли еднашка, вели Ивица Боцевски – аналитичар/поренешен амбасадор.

ВМРО-ДПМНЕ побараа лидерска средба за да се договри датумот за изборите, но од СДСМ одбија, предложија работни групи во рамки на собранието каде би се договарал датумот. Помина повече од еден месец, а од работните групи нема ни трага ни глас, иако партијата на Мицкоски очекува покана за да започнат со работа, од СДСМ не кажуваат кога би почнала работата на групата, само најавуваат три седмици по ред дека тоа ќе било наскоро.

Споени избори бара партиајта на Мицкоски, со цел да се заштедат пари, со овој став се согласуваат сите партии, дури и они од власта, а по вчерашната изјава се чини дека СДСМ легнаа на брашното, па месец мај за претседателски и парламентарни избори е добро решение.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста