Аналитичари ги поздравуваат како позитивни илинденските пораки на Микцоски и Сиљановска-Давкова

Аналитичари ги поздравуваат како позитивни илинденските пораки на Микцоски и Сиљановска-Давкова

Конструктивни пораки од премирот Мицкоски и претседателката Сиљановска Давкова на големиот ден за Републиката – 2-ри Август.  Во повикот за обединување за националните интереси испратен од претседателот на Владата од Крушево, се препознава повик за обединување помеѓу сите политички чинители во Македонија за единствен настап надвор од границите со заштита на сето она внатре – сметаат дел од експертите. Аналитичарот Александар Ристевски коментира дека, само Македонија нема единствен став околу интересите на државата како што тоа е случај со нашите соседи. Оттука пораката на Мицкоски е вистински чекор во насока за општото добро и јавниот интерес, настрана поделбите и караниците, тесните партиски и лични интереси.

Во говорот и премиерот и претседателката акцент ставија и на условувањата кои стојат на македонскиот евроинтегративен пат. Мицкоски децидно укажа дека новоформираната Влада сака интеграција во ЕУ, но не по цена на македонскиот  идентитет и погазено достоинство, додека претседателката Сиљановска испрати порака до меѓународната заедница за стопирање на непринципиелни услови што постојано се менуваат на евроинтегративниот пат. За Ристевски, со ваквите настапи паѓаат во вода сите преизборни обвинувања дека Влада на чело во ВМРО-ДПМНЕ ќе ја изолира државата од ЕУ.

Во фокусот на пораките на државното раководство беа младите и иселувањето од Македонија: со иднината на младите не треба да се прави компромис, и колку да е тешко, државата мора да создаде услови за Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и други.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста