АМСМ препорачува внимателно возење, погледнете на кој патен правец ќе се работи

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

На ден 23.07.2020 година (четврток) од 06:00 до 18:00 часот на патниот правец на излезот од Гостивар на 1.5 километар во правец према Крак поради дефект на главен водовод ќе се одвиваат градежни работи и сообраќајот ќе се одвива наизменично по една коловозна лента.На самото место е поставена соодветна патна сигнализација.

ДПТУ Ескаватори известува дека од 23.07.2020 год. (четврток) до 30.07.2020 год. (четврток), во период од 10:00 – 17:00 часот ќе се асфалтира објектот „Поправка и рехабилитација на државен пат Р1309, делница Кочани- Пониква (II фаза)“, при што ќе има изменет режим на сообраќај.За време на викендот, во сабота и недела во период од 10:30 – 11:00 часот и од 14:00 – 14:30 часот патот ќе биде ослободен за поминување на возила. За сите понатамошни активности ќе ве известуваме навремено.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста