Амнестирањето на бугарскиот фашизам преставува скандалозно ретуширање на светската историја

Изјавата на шефот на македонската историска комисија Драги Ѓорѓиев со која го амнестира бугарскиот фашизам не е само што претставува проблем за билатералните односи со Бугарија, туку прави и обид целосно да ја менува светската историја, реагира стручната јавност.

Група на експерти во правото и историјата анализираат дека амнестијата на бугарскиот фашизам која ја прави Ѓорѓиев е невидена небулоза. Даваат одговор на ваквите тврдења дека за време на Париската мировна конференција, која е како што велат задолжителна лекција за сите ученици, Бугарија има потпишано мировен договор со противниците на Хитлер, со кој се забранува постоењето фашистички организации во државата.

-Бугарија, која во согласност со Договорот за примирје презеде мерки за распуштање на сите организации од фашистички тип на бугарска територија, без разлика дали се политички, воени или паравоени, како и други организации кои вршат пропаганда непријателски настроени кон Обединетите нации, нема да дозволи во иднина, постоењето и активностите на организации од таа природа кои имаат за цел да им ги ускратат на луѓето нивните демократски права, стои во бугарската капитулација, стои во мировниот договор кој го има потпишано Бугарија, стои во одговорот.

И професорката по историја Наташа Котлар открива шокантни детали од Парискиот мировен договор кој го потпишува Бугарија, поточно членот 2 со кој Бугарија се обрзува на почитување на сите демократски принципи меѓу кои почитување на различни малцински права и правото на нивно организирање на територија под бугарска јурисдикција.

-Меѓу другото каде што им се определени воените репарации кои треба да ги платат воените репарации им се дава клаузала во која е јасно кажано дека сојузниците на Хитлер меѓу кои и Бугарија треба да воспостават таков демократски принцип во својата држава бидејќи со овој договор сојузниците повторно им даваат право да бидат меѓународен субјект да бидат признати држави. Ако тие тоа не го исполнуваат тогаш е им се проблематизира меѓународното признание на овие држави, вели професорката.

Согласно ваквите позиции гледано од денешен аспект но и по потпишувањето на Договорот за добрососедство, историчарите велат дека Македонија со една нотификација до ОН и Европската Унија може да ги информира сите држави дека Бугарија не го почитува Парискиот мировен договор, што би било огромен скандал и потврда за историскиот ревизионизам на фашистичкото минато на Бугарија, имајќи во предвид дека истото е рамно на негирање на Холокаустот што е пак казниво со закон во некои европски држави со фашистичко и нацистичко минато. Бараат Договорот со Бугарија веднаш да се раскине.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста