Аметовски: Да не е пункот за бездомници, ќе трпиме за јадење, државата да посвети повеќе внимание на нас

Да нее пункот за бездомници, ќе трпиме за јадење, за жал тоа е реалноста, затоа државата треба да посвети повеќе внимание на нас, вели во емисијата Отворено на Алфа Хасан Аметовски, кој за жал сега е останат на улица.

Изгубената доверба во системот овие лица ги носи во пунктот во Момин поток. Тука можат да се нахранат, истушираат, снабдат со облека и лекови. Лицата од Црвен крст за празниците ќе бидат достапни за нив 24 часа.

– Бев оженет, имав фирма, жена и една ќерка. И јас имав нормален живот, но сето тоа ми го снема преку ноќ, благодарен сум и еднинствено на мојата сопруга која ми ја даде ќерката, вели Хасан Аметовски кој собра сила јавно, пред македонската јавност ја сподели својата животна приказна.

Аметовски вели дека сега во живот го одржува тоа што има добри пријатели, без разлика на, како што вели неговиот некогашен боемски живот.

Сега, вели Хасан, министерството за труд и социјала да обрне поголемо внимание на нас, кои сега сме на улица, заборавени од институциите и исклучени од општеството

За жал, ваква е реалност во која живеат луѓето без покрив над главата, кои се оставени на милост и немилост.