Американските пратеници се блиску до договор за санкции кон Русија

Околу 127.000 руски војници се распоредени долж границите на Украина додека рускиот претседател Владимир Путин тврди дека неговите барања – вклучително и ветувањето дека Украина никогаш нема да се приклучи на НАТО алијансата – не се исполнети. Американските законодавци сега подготвуваат низа санкции за да го одвратат конфликтот во Европа.

„Секако дека нема интерес за ескалација на ситуацијата во каков било воен конфликт. Се надеваме дека ова може да се реши на мултилатерална основа дипломатски. Мислам дека ова е апсолутно возможно и се надевам дека претседателот Бајден ќе може успешно да го направи тоа“, вели сенаторката Кирстен Гилибранд од демократската партија.

Конгресните републиканци ја критикуваа администрацијата на Бајден дека е бавна во одвратувањето на Путин.

„Санкциите по упадот се помалку ефективни од санкциите претходно, и се надевам дека администрацијата ќе го има на ум тоа додека тие се движат напред. Тие имаат слобода и простор за тоа“, вели Мич Меконел, лидер на малцинствата во Сенатот.

Но, во ретката глетка на единство на Капитол Хил, пратениците од двете партии напредуваат кон двопартиското законодавство за санкции што сериозно ќе влијае на економските опции на Путин.

„Тој ќе мора да го добие својот приход како Садам Хусеин. Да продава  нафта на црниот пазар – тоа би бил неговиот единствен начин да ја извади нафтата, бидејќи не можете да направите банкарска трансакција. Тоа е веројатно најпогубната од санкциите”, вели републиканецот Марк Грин.

Демократите сакаат да резервираат една од најстрогите санкции доколку Путин влезе во Украина.

„Доколку г-дин Путин нападне, тој гасовод Северен тек 2 нема да помине и веројатно никогаш нема да биде завршен. Тоа ќе има огромно економско влијание врз Русија. Ние, исто така, веројатно ќе ги спроведеме со широка двопартиска поддршка најголемиот сет на санкции што некогаш сме ги имале. Сега, никој од нас не сака да го направи тоа, бидејќи разбираме дека тоа влијае на рускиот народ. Но, ова е избор на кој се залага г-дин Путин“, рече демократот Ами Бера.

Членовите на Конгресот кои неодамна отпатуваа во Украина и се сретнаа со официјални лица велат дека американската помош ќе ги вооружи Украинците соочени со руската закана. Тие исто така најдоа единство меѓу сојузниците на Америка.

„Она што ме погоди – и сигурна сум дека ова е несакана последица на агресијата на Путин – она што ме погоди е единството, што додека отидовме во Брисел прво и се сретнавме со нашите колеги од ЕУ и членовите на раководството на НАТО, колку сите бевме обединети во застанувањето против овој тип на агресија и во корист на демократска нација која се бори за слобода“, рече демолратката Мики Шерил.

Соединетите Држави најавија дека наскоро ќе испратат две илјади војници во Романија, Полска и Германија.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка во Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста