АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД ТРАМП НЕ ГО ЗАГРИЖУВА 25ТИОТ АМАНДМАН
Американскиот претседател Доналд Трамп не го загрижува 25тиот амандман во кој се бара негово разрешување , и во кое се зборува за минатонеделните немири во Конгресот на Сад.. Освен фјзбук и твитер, и Веб платформата на Јутјуб го суспендираше каналот на американскиот претседател бидејќи го прекршил правилото за корисници, со кое е забрането поттикнување насилство, по упадот од страна на неговите приврзаници. Јутјуб каналот на Трамп сега е оневозможен да поставува нови видео записи или стримови во живо најмалку седум дена Претседателот го коментираше неговото блокирање од страна на социјалните мрежи, за кои вели дека е нападната неговата слободата на изразување Гласањето за импичмент на Трамп поради поттикнување бунт е закажано за денеска, но малку е веројатно дека процесот би можел да заврши до 20 јануари, кога новиот претседател Џо Бајден треба да даде свечена заклетва и да ја преземе функцијата. Серија посилни потреси во Грција Во Грција се регистрирани четири земјотреси со јачина од 4 до 4,8 степени според Рихтеровата скала во времетраење од еден час . Епицентарот на сите земјотреси е во близина на градовите Егио и Нафпактос во западниот дел на Грција. Забележано е лизгање на земјиштето и мала материјална штета. Жителите на овие места ја поминаа нокта надвор од своите домови. Регистритани се и 30 помали земјотреси со истиот епицентар.