Амбасадорот Боцевски се врати дома, пречекан со аплауз на Деве Баир

Амбасадорот Ивица Боцевски конечно последен се врати дома после успешно завршената мисија за врќање во земјава на сите македонски морнари кои со месеци беа заглавени на бродовите ширум светот поради кризата настаната од КОВИД 19.

Целиот овој процес со макотрпно дипломатско залагање траеше околу 3 месеци и опфати неколку стотици морнари како и многу други Македонски граѓани кои беа заглавени ширум светот.

При враќањето на Амбасадорот заедно со своето семејство во Македонија од Бразил , преку Република Бугарија на граничниот премин Деве Баир , вчера вечерта со аплауз, македонски знамиња и натписи беше дочекан од десетина македонски морнари кои беа дојдени на границата од повеќе градови во Македонија и во името на сите свои колеги морнари ја искажаа нивната голема благодарност кон, како што го нарекуваат во фејсбук објавата, својот херој – Амбасадорот Ивица Боцевски.

 

https://www.facebook.com/dimemkd/posts/10158354777972410?__tn__=-R

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста