Амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј во посета на Кичево

Во повеќечасовна посета на Кичево денес престојуваше амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Таа најпрво ја посети локалната самоуправа, каде оствари средба со градоначалникот Фатмир Дехари, со кого имаше подолг разговор околу економската и безбедносната состојба во општината а во текот на денешниот ден заедно ќе ги посетат и училиштата ОУ „Кузман Јосифоски- Питу“, ОУ „Реџо Рушит Зајази“ и манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“, и изрази желба да прошета низ градот.

Амбасадорката беше задоволна од средбата со Дехари и со содржината на нејзината денешна агенда.

– Кичево е една од трите општини покрај Чаир и Гостивар, каде се реализира проектот „Зајакнување на отпорноста против насилниот екстремизам“, чија цел е намалување на насилството. Токму промоцијата на овој проект е цел на денешната посета. Не случајно се одбрани овие три општини со мешан етнички состав за реализирање на овој проект. Во текот на оваа посета ќе посетиме и две основни училишта, по едно во Кичево и село Зајас , како и манастирот „Пресвета Богородица“ и би сакала одблизу да го запознаам и градот – рече Галовеј.

Градоначалникот Фатмир Дехари беше задоволен од остварената средна со Британската амбасадорока и нејзиниот интерес за случувањата во општината.

– Денес во посета на Општина Кичево беше амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Нашиот град отсекогаш го краселе добри меѓучовечки односи и верска толеранција и во тој поглед Кичево е пример и за останатите градови со мешан етнички состав. Денес ќе посетиме и две основни училишта „КЈ Питу“ во градот и „Р.Р. Зајази“ во село Зајас, а ќе го посетиме и манастирот „Света Пречиста Богородица“ – истакна Дехари.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста