AMСМ: Снег во Македонија, забрана за камиони на Плетвар и Стражa

Поради обилни врнежи од снег од 16,30 часот воведена е забрана за камиони на Плетвар и Стража, информира АМСМ.

Првично на Стража беше воведена задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите моторни возила, а од 16,50 часот е воведена и забрана за движење на камиони поради снежните врнежи.

Поради интензивни врнежи од снег на планинскиот премин Стража се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (синџири) за сите сите моторни возила, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“ .

Снег со послаб интензитет паѓаше во текот на денот на повисоките места низ државата, а попладнево неговиот интензитет се засили.

Засега нема информации за евентуален прекин на сообраќајот на некои патни правци.