Алушовски: Немаше да биде незаслужено ако денеска освоеја бод, но што е тука е

Отворен, искрен и реален како и секогаш, тренерот на Еурофарм Работник, Стевче Алушевски потврди дека неговиот тим денеска можел лесно да ја загуби победата а тоа немало да биде незаслужено. Еурофарм Работник дојде до првата историска победа во деби сезоната од Лигата на шампионите а сега може порелаксирано да се насочи кон следните предизвици.

„Очекував ваков тврд и неизвесен меч. Ова ни е некако судено да водиме во првиот дел, а потоа да го донесеме мечот во егал завршница. Трипати загубивме сезонава, но денеска успеавме да стигнеме до победа. Им честитам на моите момци за победата, на раководството и на публиката во Битола. Немаше да биде незаслужено ако денеска освоеја бод, но што е тука е. Нас ни останува да се фокусираме кон следната средба и да се подготвиме за дуелот со Прешов.“ – изјави Стевче Алушовски.

Во следното коло од ЛШ, Еурофарм Работник ќе го пречека Татран Прешов.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста