Алкалоид„ оствари продажба од 268,3 милиони евра и го зголеми извозот за 17% во 2023

Алкалоид„ оствари продажба од 268,3 милиони евра и го зголеми извозот за 17% во 2023

Алкалоид„ оствари консолидирани продажби од 268,3 милиони евра, раст на извозот од 17% и инвестиции од 28,3 милиони евра во периодот јануари-декември 2023 година.

Во периодот јануари-декември 2023 продажбите достигнуваат 12 милијарди 261 милиони 902 илјади 275 денари, што е за 16% повеќе во споредба со 2022. Продажбата пак пораснала за 16% во споредба со 2022 година. Алкалоид продажбата на домашниот пазар ја зголемиле за 13%, а вкупниот извоз за 17%. Од вкупните консолидирани продажби, 69% се на странските пазари. Најголем пораст кај поголемите извозни пазари бележат продажбите во канада, за 62 пати, потоа во италија, јужна африка, чиле, чешка и велика британија. Гледано според групи производи најмногу се продавале фармацевтските и тоа 90%. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 10% во вкупните продажби. Сегментот фармација бележи раст од 18%, а козметика од 10%. Во периодот јануари-декември 2023 во „Алкалоид„ се реализирани 232 нови вработувања во Македонија. Групацијата „Алкалоид„ брои 2.843 вработени, од кои 2.155 во земјава, а 688 во капитално поврзаните друштва во странство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста