Алиовски до петти гол во дресот на Лидс во чемпионшип девизијата

Езгјан Алиовски влезе на почетокот од второто полувреме во мечот со Фулам, но успеа погоди по петти пат во дресот на Лидс сезонава. Офанзивниот крилен играч активно учествуваше во разнесувањето на Лондончани со 3-0 и задржувањето на првото место во Чемпионшип дивизија. За популарниот Џани тоа беше 32 настап во 39-те кола за поранешниот англиски првак кој е на најдобар пат за камбек и сега со осум бода пред третиот Брендфорд, а првите две екипи одат директно во Премиер лигата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста