Алијанса за Албанците: Оставка од Спасовски, казна и одговорност што власта тера кампања во пандемија

Алијанса на албанците бараат одговорност од колицијата предводена од Заев, за предвреме почната изборна кампања делејќи маски и пропаганден материјал на терен во време на пандемија.

– Треба да има одговорност затоа што животот на граѓаните е директно загрозен и второ заради кршење на Изборниот законик. Одговорните лица мора да се повикаат на морална одговорност и совест, додека коалицијата „Можеме“ исто така мора јавно да се извини за неодговорното однесување и за ризикот на кој ги изложи граѓаните – велат од Алијансата за Албанците.

Реакцијата на партијата на Села доаѓа откако директорката на УЈП Лукаревска е позитивна на корона вирусот, а истиот ден таа и каднидатите за пратенци од изборна единица 2 од редовите на СДСМ имаа теренски активности, а воедно и потпретседателот Зекири е заразен од Ковид 19.

Од Алијанса велат дека ова било неодговорно однесување на владејачката  коалиција не смее да помине во тишина и без заслужената казна.

За здравствената криза од алијансата велат бараат оставка од Спасовски, но и одговорност од министрите Филипче и Чулев.

Дека корона вирусот зема се поголем замав во Македонија, за Еуро Њуз албанија потврдува и генералниот секретар на Алијанса, Таравари кој вели дека Македонија, има повисока стапка на смртност, од целиот регион заедно..

  – „Во Македонија, смртноста на 100 илјади жители – е 5,9, значи, повеќе од Албанија, Косово, Грција и Црна Гора – заедно.. Сите овие земји, заедно, имаат помал морталитет од Македонија“вели Арбен Таравари.

Таравари вели дека поради оваа состојба не е загрижена само опозицијата, туку сите жители во Македонија.

Во меѓувреме се поставува прашањето дали СДСМ станува ново корона жариште.  По резултатите на Лукаревска и Зекири речиси сите претставници на  изборна единица 2 од СДСМ се во самоизлолација, но и  дел на вработени во државните институции.

Мери Ѓорѓиевска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста