Алфа во Куманово: Граѓаните не сакаат градот да се затвори како Дебар

Куманово – новото жариште во Македонија од Ковид 19, бара 14 дневен карантин на општината. Кризниот штаб и градот предложија, но Филипче вчера одби.

И покрај големата бројка на заболени, плоштадот преполн со луѓе. Кумановчани раздвижени, си ги вршат секојдневните обврски, пензионерите ги окупираа клупите, а оние кои не платиле сметки правеа долги редици, кои можевме да ги забележиме и пред маркетите.

Се повеќе се зголемува бројот на заболени и за жал бројот на починати, а алармантна е бројката на доктори кои се заболени од корона вирусот во Кумановската болница која изнесува 44 лица.

Граѓаните со поделени мислења, дел сметаа дека таквиот чекор психолошки ќе ги погоди, додека дел велат доколку би се усвоел предлогот би се намалил интензитетот на ширење на вирусот. Сепак преовладуваше мислењето дека карантин како во Дебар е престрога мерка.

Првиот човек на Куманово, и покрај тоа што Филипче рече дека нема потреба од таква мерка, останува на ставот дека забранетото влегување и излегување од градот треба да се реализира.

  • Ние мерките ги побаравме уште пред извесен период, вчера повторно ги побаравме тие мерки контролиран карантин, тоа подразбира секој да може да оди, да доаѓа на работа, граѓаните да добијат, најмалку, од секое семејство барем по два часа, да можат да ги намират барем најнеопходните потреби. Економијата е во пад, тое е евидентно, но ќе ја оправиме еконимијата но првенствено е да си ги заштитиме граѓаните- вели Максим Димитриевски – градоначаник на Куманово.

Димитиревски извесен период апелира да се засилат мерките во Куманово, дури и прилично критичен кон власта.

Денеска во оваа општина се одржа состанок на кризниот штаб на кој присуствуваа и тех.премиер Спасовски, министерот за здравство Филипче и вицепремиерот Османи. Од изјавите кои ги дадоа пред одржување на состанокот се поизвесно е дека сепак мерката на Димитроевски ќе биде одбиена.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста