Алфа во Крушопек: Кокаинот бил дел од поголемо количество дрога по потекло од Колумбија

Магацинот за овошје на фирмата Бантекс, се наоѓа на почетокот од скоспкото село Крушопек на оваа локација вчера полицијата во шлепер кој носеше банани најде околу 1 килограм кокаин. Бананите, заедно со кокаинот патувале од Колумбија преку Италија, Црна Гора и Албанија стигнале до Македонија крајна дестинација била магацинот за овошје на фирмата од Крушопек.

Сомнежот на полицијата е дека нарачателот на кокаинот, била токму фирмата од скопското село,синоќа уапсени се 4 лица сопственикот, неговиот син еден вработен и возачот на камионот црногорски државјанин. МВР сега че ги проверува фирмите и лицата кои соработувале со Бантекс, објасни Чулев.

– Со оглед на тоа дека се работи за голема количина која според информациите била со крајна дестинација во нашата држава, уште еднаш се потенцира релеваноста на македонските криминални групи на меѓународниот кокаински пазар, а од друга страна инфериорноста и остуство на волја од претходните политички чинители во државата за преземање на одлучни и конкретни чекори во справување со ова зло на нашето опшество, изјави министерот Наќе Чулев.

Истрагата на полицијата оди во насока дека фирмата претходно 120 пати извршила увоз на овошје главно од Колумбија, а помал дел од Еквадор. Дали МВР е на траг на меѓународен синџир на трговија со поголемо количество на кокаин од запленетото, Чулев вели дека детали во оваа фаза не може да изнесе бидејќи станува збор за меѓународна операција во која учествуваат повеќе полиции од други држави.

Полиција денеска во селото немаше, разговаравме со дел од мештаните, со неверување ја слушнале информацијата за нивниот сосед кој велат дека долги години го познаваат, но единствено како увозник на банани.

Полицијата приведените од синоќешната акција ги предаде на обвинителството. Од МВР информираат дека ќе ги известат сите земји од каде поминала дрогата, како би се добиле дополнителни информации за евентуална вмешаност на криминални групи во транспортот на дрога.

Првичните проверки укажуваат дека правното лице кое е увозник, претходно во 120 наврати извршила увоз на овошје, во најголем дел од Колумбија и во помал дел од Евкадор.

На крајот ќе споменам дека станува збор за меѓународна операција против криминалните структури вклучени во трговија со дрога и во оваа прилика сакам да изразам благодарност до колегите во Министерството за внатрешни работи, ОЈО и Царинска управа како и партнерските институции од земјите кои се вклучени во оваа акција за високото ниво на соработка и конспиративноста во реализација на оваа полициска акција.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста