Алфа во кaсараната во Велес: Условите партизански

Ова не се инсерти од партизански филм, во овие спални соби спијат војниците кои треба да станат дел од НАТО. Алфа телевизија денеска влезе во велешката касарна од каде пукна скандалот дека во истата има војник заболен од шуга, а уште двајца се под лекарска контрола. Оваа информација ја потврди и министерката Шеќеринска. Но не и дека има уште повеќе, односно најмалку 8. Последново не го потврдија ни во касарната.  Иако за цело време имавме придружба и ни беше сугерирано што може, а што не може да снимиме, сепак се потсетуваше дека овде застанало времето како да сме во осумдесетите. Прво влеговме во  амбулантата. Ни дозволија да снимиме само дел од неа.  Пред нас се и испопаѓани плочки. Нашите очи сведочеа на стар болнички кревет. Шугата кај војникот ја откриле во оваа соба, ама не лекарот туку техничарите.

Војникот кога се пожалил дека имал некаков проблем  во однос на чешање, тој има доаѓано тука во амбуланатата  каде што веднаш е упатен  на дополнителен преглед потоа веднаш по нивна препорака, препорака на стручни лица  е даден на соодветна терапија и упатен на домашно лекување, изјави портпаролот Јаневски.

Во касарната нема лекар, па војниците одат на прегледи во велешката болница. Нашата прошетка продолжи кон мензата, овде се хранат двесте  војници. Навидум средено, но снимателот доби предупредување дека подот не смее да го снима одблиску бидејќи не бил чист . Во касарната надлежните не се жалеа на власта, се овде било како што треба, ваква изјава беше и очекувана, како што очекувавме дека и снимањето ќе биде режирано, но не од безбедносни причини, туку да се даде претстава дека овде се функционира совршено.

Од страна на АРМ се доставуваат неопходните  средства за лична хигиена, исто така на месечно ниво на секој припадник  му се определува  одреден паричен износ кој може да го користи за средства за лична хигиена, рече Јаневски.

Камерата на Алфа влезе во две спални соби, во тоалетите – останатите инсерти ги направивме во дворот каде војниците вежбаа.

Велешката касарна има над 100 доброволци, мажи и жени. Ова е работното месо на околу 200 лица. Дека армијата функционира во мизерни услови индиректно потврди и шефицата на одбрана Радмила Шеќеринска.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста