Алфа во Арачиново-лажните ветувања за пилоти и агенти ги кренаа на нозе жителите

Пилоти, стјуардеси, космонаути што ли се нудело предизборно – јавноста врие откако разбра дека власта им ветила на арачиновци 300 вработувања за пилоти.

Граѓаните се „загрижени“- прашуваат ако се вработат овие 300 пилоти, ќе треба да се вработат дупло стујардеси. Интернет просторот е исполнет и со прашања дали власта ветувала и вработувања за коммонаути во Пробиштип. Но вистинската слика во Арачиново е далеку од смешна: руинирани улици, слабо улично осветлување…Мештаните сонуваат канализација и чиста вода додека власта им ветувала авиони. Револтот го кажаа и пред камерата на Алфа.

Ни кажаа и оти освен овие 300 места, им биле ветени десетици вработувања на скопскиот аердором, но и стотици во шестата управа во полицијата ама велат не дочекале.

Алфа се обиде да добие одговори од првиот човек на општина Арачиново, Миликије Халими за дали обвинувањата на мешатаните се вистинити, но одговор не добивме, Халими била на состанок.

Од владејачката партија пак ги демантираат информациите за 300те пилоти, велат тоа било ширење на лажни вести. Но прашањето е кој ги шири?

Мери Ѓорѓиевска