Алфа сторија за македонец кој се вратил од Украина

Одлуката да ја напуштиме Украина беше тешка, но следејќи ја ситуацијата имав претчувство дека нешто ќе се случи и бев решен доколку пукне, ведаш да заминеме-вели охриѓанецот Дарко Кипаризовски, кој 6 години со своето семејство живееше во Харков каде што се водат најжестоките борби. Целиот живот буквално го собравме во неколкиу најлон кеси, појнејќи ги со сува храна, вода, и алишта,се’ што ќе ни се фатеше при рака.Оставајќи го зад себе домот и дел од семејството кои не сакале да ја напуштат Украина, Дарко трнал на пат за Македонија со спругата и двете малолетни дечиња.

Првите бомби пукнаа во 5 ч сабајле, а ние веќе во 8.30ч излеговме од дома. Кога излеговме имаше премногу гужва, бидејќи живееме блиску до излезот од градот,јас сакав  да излезеам на кружен но беше блокиран, стоеше украинска војска и не пушташе и одма свртивме назад низ цел град на другиот излез но и таму веќе беше се’ блокирано со коли.Луѓето возеа каде што имаше можност,сите коли возе, излегуваа на другата лента,као не доаѓаат коли една луѓето излегуваа на друга и одеа така што побрзо, вели Дарко Кипаризовски

Извлекувањето од Украина траеше два дена,спиевме кај туѓинци, се додека не стигнавме на граница со Молдавија -раскажува Дарко.

Видовме едно село дека има, пробавме таму да видиме некој дали издава, имаше се продаваше една куќа и ѕвонавме на жената, таа рече куќата се продава нема ништо внатре, нема вода, нема струја и ни помогна побара кај други и не смести кај друга жена.Молдавија  стигнавме,имаше големи редици и рекоа дека овдека се чека по 24 до 48 часа.Имаше луѓе,украинци кои носеа на граница јадење имаше комбиња кои даваа чај, кафе,супа пире, за деца сендвичи, вода, сок.Тоа беа цивили,имаше еден човек кој што одеше и ги сместуваше во фамилии секој некој што може од гратчето да земе, додава Кипаризовски

Во Молдавија и Романија уште на граничниот премин волонери им давале сим картички и го упатувале сместувајќи ги во приватни куќи или хотели. Дарко со нас ја сподели случката во Романија каде непознати луѓе, дечиња им купувале намирници на своите врсници , а една постара жена на коленици ги молела да ги земат парите, ставајќи им ги во рака. Тоа се трогателни моменти,кои емотивно тешко се доживуваат.Без оглед од каде доаѓаме,ние сме сите луѓе-вели Дарко.

Се е беспатно, се е платено ни рекоа.Во сите држави каде што поминавте?Секаде да, нема што да плаќате ако сакате седите два или три дена колку што сакате.Во Бугарија кога требаше да полнам бензин застанав на бензиска и едне човек ми вели,од Укранина сте, јас ќе го платам бензинот, сакам да помогнам, истакнува Кипаризовски

Кога стиганале дома, на македонска граница им барале да платат 50 евра за зелен картон,на сите кои во тој момент доаѓале од Украина.

Извинете рекоа, не можеме , не е ништо до нас мора да платите зелен картон.Украинците беа малку разочарани и јас бев малку разочаран,но реков во ред, живот е, ваму ми помогнаа многу но сега нешто мора и да и платам. На ова сакам да додам апел ако може некој од нашите од македонската држава да нема зелен картон за украински коли затоа што немаше ни во Моладивија, ни во Романија ни во Бугарија, додава Кипаризовски

По 6 дневно патување и 2.5000 км ,Дарко и неговото семејство се во родниот Охрид,но тој постојано контактира со 30-тина македнци кои сеуште се заглавени во Укранина.

Ако некој поминува од таму да ги земе од на граница дали од Роанија,дали од Бугарија навака.Затоа што сите кои се останати се без кола.Што велат каква е ситуацијата ?Па овие нашите пишуваат дека е лошо , овие што се во Киев,цело време трчет во скривници,нема доволно вода, нема храна, струја нема во многи делови греење нема,исто како кај на во Харков, има рестриции.Долго не може да се издри? Јас мислам дека не може, тешко е логистички супермаркетите не успеваат да донесат јадење, пробуваат носат, но луѓето чекаат кој што ќе купи и за во аптеки исто има проблем со дотур на лекови, додава Кипаризовски.

Никогаш не би помислил дека во 21 век ќе гинат недолжни луѓе, уверен бев дека размумот ќе провладее,среќен сум што сум овде на сугурно, но тажен што сире родните и пријатели останаа во Украина, вели Дарко.Моето  5 годишно синче сеуште ги брои деновите до роденденот на своето другарче,верувајќи дека навреме ќе се вратиме дома во Украина и дека заедно ќе ги дувнат роденденските свеќи-раскажува Дарко.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста