Алфа сторија: Славица оставена сама на себе- државата ја прогласила за неработоспособна, па ја оставиле без пари

Јас не можам да си ги купам потребните лекови.

Вака пред камерата на Алфа ја почнува својата приказна 55 годишната Славица Величковска од Крива Паланка.Таа која од државата во 2008 година е прогласена за лице неспособно за работа, во мај минатата година и била одземена единствената парична помош, поради тоа што наследила 60 квадрати градежно земјиште.

-Ме водат како лице неспособно за работа со комбинирани и други пречки во развојот. Додека сега 2019 стекнато право некаде во мај ми го скинаа, сега сме на Управен суд. Паричната помош ми ја скинаа поради некојси 60 квадрати градежно земјиште, решено со оставина, вели Величковска. 

Во својот и повеќе од скромен дом Славица нешто помалку од една година живее без ниту денар прилив на својата сметка.

Финансиската состојба на нејзиното семејство била премногу тешка. Таа ја побарала и семејната пензија од нејзиниот татко. Но, иако Министерството за труд и социјална политика ја прогласило за неспособна за работа, од Пензискиот фонд и кажале дека е работоспособна. Управен суд во минатите години првично три пати донел одлука во нејзината корист по основ на наследувањето на пензија, но пресудите во 2017-та и 2018-та сепак биле негативни и барањата на Величковска биле одбиени.

-Од една страна ПИОМ, каде што ја барам да ја наследам семејната пензија по однос на инвалидност од мојот татко. Јас ја докажувам таа инвалидност, ПИОМ ми вика дека сум работоспособна, а од друга страна од труд и социјала имам дека сум лице неспособно за работа, со комбинирани и други пречки во развојот, изјави Величковска.

Се жали дека нејзината здравствена состојба е премногу лоша, со трајни оштетувања на мозокот. Потребни и се пари за да може да се лекува.

-Моето право е тешко повредено. Јас имам потреба од лекарства, ама мојата повреда е внатрешна, јас имам потреба, не е видлива со голо око. Јас постојано сум на институтот за радиологија, постојано сум на апарати, се пожали Величковска.

Како што вели Славица држава ги повредила нејзината права, поради што таа Македонија ја тужи пред судот за човекови права во Стразбур.

-Државата за некого е мајка, за некого маќеа, порачува Величковска.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста