Алфа сторија: Мајка што ја загубила ќерката, се наоѓа пред нова голгота

„Кога дојдовме дома, после терапиите и лекарствата почна голготата“. Со овие зборови, вака оваа жена почна да ја раскажува трагедијата, најголемата за една мајка –смртта за нејзиното прво дете. Се случила пред две години, а нејзината малечка имала 10 години кога животот згаснал. Голгота, траела со години потоа, а почнала кога детето имало 6 месеци.

Купишта документи, тропање од врата на врата кај македонските лекари, секаде дијагнози, но нигде причина за детето кое растело како зомби, а се родило здраво бебенце. Продале стан, вложиле заштеда, накит и се што имале. Стигнале до Словенија, откако македонските лекари кои ја ставиле под многубројни терапии и лекарства – кренале раце, а состојбата на малечката се влошувала.

По словенечките интервенирања родителите добиле надеж, оти состојбата на девојчето почнала да се подобрува. Но, на 10-годишна возраст, нејзиното срце веќе не можело да ги издржи борбите со лековите и силните долгогодишни терапии. Но потеклото на причината за смртта останува енигма. Никогаш никој не ја утврдил.

Оваа мајка молчела со години. Се плашела јавно да зборува. Но сега собра храброст, откако нејзиното друго дете, сега прваче, не беше примено во училиште бидејќи никогаш не дозволиле да биде вакцинирано. После трагедијата, за ниедна цена вели нема да дозволи вакцинирање. Станува збор за училиштето Блаже Конески, во скопски Аеродром.

Алфа беше во „Блаже Конески“. Директорката ни објасни што се случува но не во камера оти рече нема дозвола за да дава изјава. Објасни дека не само ова прваче туку и сите останати, без разлика што имале документ од општината дека треба да почнат во училиште нема да бидат примени оти не се вакцинирани. Се повика на одредбите од министрите за образование и за здравство, и против тоа, рече не смееле да одат.

Што натаму ќе се случува со невакцинираните дечиња, барем за сега – официјално никој не може да потврди.

Она што единствено е сигурно е дека за оваа мајка иглата во телото на 6-месечното бебе засекогаш ја запечатило нејзината одлука, вакцинирање на нејзините други две деца нема да дозволи.

Борис Грујоски