Алфа репортажа во градинката „Авионче“ во Петровец: Како ќе се распоредат најмалите, може ли во градинка со протоколи?

Ни официјални протоколи ни одлука. Останува неизвесно – дали градинките ќе ги отворат вратите?  Родителите загрижени а воспитувачите во брзброј дилеми за начинот на нивното функционирање но, и на децата. Алфа влезе во детската градинка “Авионче” о. Петровец.

Неколкупати дневно чистење на подовите во објектот и растојание меѓу масите за седење се само дел од неофицијалните протоколи.

Занималните се очигледно многу мали за да се запази препорачаната дистанца од два метри.Во нормални услови дечињата на една масичка можеа да седат по четири а сега само по две.

И играчките се незаменливи од денот поминат во градинка. Дали воспитувачите ќе можат да запазат користрењето на играчките?

Многу пати машките дечиња се собираат во група и си играат со колички си возат…ги употребуваат знаците за сообраќај. Девојчињата се по кујнскиот прибор за работа.И нормално сите ги допираат ги зимаат во своите рачиња, иако секојдневно се прави дезинфекција на играчките од Септември ќе е многу потешко.вели Марија Штерјовска Додевска – воспитувач.

Доколку стартуваат градинките со работа и капицетот на креветчиња за најмалите ќе биде намален.

Секое детенце ќе си има свое креветче и креветчето ќе си биде потпишано.– вели – Нермина Грлиќ – воспитувач.

На кој начин ќе се подготвува храната и како ќе им се дели и на најмалите и на поголемите деца – и тоа е непознато.

Иако вратите се затворени на градинките од министерство за труд и социјала велат дека приоритет за посетување на градинка ќе имаат децата на  самохраните  родители и деца на двајца родители кои се  вработени и за тоа ќе донесат потврда во установата, а рокот за тоа истекува денеска.

Огромен проблем е на нашата градинка и за нашите дечиња тоа што вработеноста во оваа општина е голема. Многу семејства чекаат – двајцата родители се вработени  и чекаат нивното дете да биде згрижено.” – изјави Марија Штерјовска Додевска – воспитувач.

Инаку, градинките не работат од средината на март. Првата најава за нивно отворање беше во јуни, за што претходно се тврдеше дека е направен  скрининг на сите вработени ни изгледа не е така.Барем не за оваа во Петровец.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста