Алфа репортажа – Остануваат проблемите со болницата за дијализа во Струга

Заводот за нефрологија во Струга е изграден во 1984 година, полни 35 години опслужува пациенти не само од нашата и околните држави туку и од европските земји. Лекарите со гордост кажуваат дека поминаа повеќе од 4 децении од првата дијализа во оваа болница. Бројки се распект, хигиена која ги задоволува условите како во останатаите врвни здравствени установи, чиниш како се да функционира беспрекорно.

Ова е првиот впечаток кој се стекнува кога ќе се влезе во Завод за нефрологија. Но, болницата има горливи проблеми кои мора да се решат час поскоро, посебно на прагот на есента која носи променливо време и дождови, услови кои можат да бидат фатални посебно за болните на дијализа. Пред десетина дена првиот пороен дожд предизвика поплава во болницата, бидејќи кровот прокиснува.

Директорот на Заводот, д-р Ацо Попоски отворено проговори, каква беше сликата кога наиде силниот дожд и какви напори секојдневно прават тоа да не се случи повторно бидејќи проблемот се уште не е решен.

-Нашата техничка служба секојдневно прави увид на кровот и онаму каде што постои некое запушување, или каде што може да се стави некое дополнително сретство како најлон зависи од интензитетот на дождови се прави тоа секојдневно и се надевам дека она што ни се случи нема да се повтори. Каква беше сликата, рековте буквално како елементарна непогода да се случила внатре во болницата? Сликата беше како да има невидена поплава, ако се сеќавате како онаа пред неколку години што беше во Стајковци, како да се туриваа со буриња вода од кров, вели Д-р Ацо Попоски-в.д. директор на Завод за нефрологија Струга.

Попоски кажува дека иако болницата не е стара, таа со децении не се одржувала соодветно,постојано се крпарело.Дека кровот, не е единствениот проблем,потвдруваат и лекарите кои зборуваа пред нашата камера.

-Болницата е пробано да се реновира, парцијално меѓутоа тоа не е доволно, значи секоја работа има рок на траење така и нашиот кров кој е рак рана на оваа болница.Тука не опфаќа само кровот,ради коровот неколку соби се уништени некои делумно некои комплетно. Болницава раполага со 40 соби за пациенти, моментално вон употреба ни се 13 соби, значи 9 кои не може да примаат пациенти и 4 делумно, вели Попоски.

-Пациентите треба да веруваат дека некогаш и ние сме со врзани раце, значи работиме во некогаш тешки услови, се префрламе, се селиме од амбуланта во амбуланта. Имаме проблеми од техничка природа , од типот на стара инсталација, стара зграда, покрив и сето тоа го дополнува незадолството кај пацентите. Мој термин, чекањето, неможноста да се дојде до упат. Во овие услови некогаш е верувате многу тешко за работа, изјави Д-р Ксенија Стрезоска Мајсотовиќ, Претседател на синдикат.

Секој со маката, пациентите кои се на дијализа а некои од нив со години лежат во болницата веќе како да оттрпнале,дигаат раменици и се надеваат на подобро утре. Ги посетивме пациентите во собите кои го зафати полавата,тие се прекриени со боја,но има влага и се чувствува непријатна миризба.

-Синоќа врнеше, како поминавте ? Добро, како секогаш. Ви беше малку страв да не прокапе? Не, јас немам страв од Господ, таму паќа повеќе дожд кај мене не толку. Се чувствува миризба на влага? Многу, не малку многу.

Ноќеска врнеше ама не прокапе ништо, не беше ништо сташно. По кажување од пациенти дека овде најмногу врнело во оваа соба, па ќе видиме.

Лекарите апелираат ресорното минстерство да ги земе конците во свои раце и да го реши час поскоро проблемот, бидејќи пациентите во оваа болница се подложни на инфекции и страдаат и од голем број заболувања.Лекувањето во несоодветни услови, за нив може да биде многу опасно.

-Во оваа болница единствена за пациенти кои се тешки со многу коморбилитети и начелно се пациенти кои што долго време престојуваат во нашата болница и за нив е посебно опасно наидува зима и проблемот оставува да се реши.Тие се пациентина кои континуирано им е поребно болничка нега и затоа треба да се реагира на повисоки инстаци, синдикатот тоа го поддржува, изјави Д-р Стрезоска.

Тендерот за санадиција на кровот беше распишан, но поништен. Директорот на болницата не знае што се случува со тендерската постапка.Во техничката документација вели која што се изготви стои дека се потребни 15 милиони денари за санација на кровот, оштените соби, подот и фасадата.

-Не знам зошто беше поништен се надевам дека за брзо време ќе се распише нов тендер,оваа болница е за општо добро и тука не треба да има политика и треба да се направи во најбрз можен рок.Втората работа што ни фали, ни фали едно амбулантско возило кое што се надевам министерството за здравство не има во предвид за транспорт на пациенти навистина немаме возило, вели Попоски.

За информација се обративме до министерството за здравство, но до овој момент немаме одговор зошто тендерот е поништен и дали е точно дека првично тенерот го добила фирма „Нефи Ик“ за сума од само 7 милиони денари. Прашавме и дали ќе се обезбеди амбулатно возило за болницата, бидејќи постојното иако донација, било дотраено и не работи.

Инаку во Заводот на нефролигија се набавени 10 нови апарати, со тоа и болеста хепатит која е пристуна кај пацинетите на дијализа, е намелен. Дел од собите се реновоирани со странска донација, а директорот Попоски очекува да се вработат ушче неколку општи лекари и помошен медициски персонал кој во моментов им недостасува.Заводот за нефрологија има 230 вработени и 30 специјалисти на 4-те оддели:дијализа, нефрологија, урологија и во амбулантско поликлиничкиот дел.Во болницата гравитираат годишно околу 200.000 пациенти.

Росица Голабоска