Алфа репортажа во селата под Плачковица: за нив маските и ракавиците се непознати, короната е далеку

“Овде нема корона. За вирусот слушаме само од телевизија”, со овие зборови не дочекаа жителите на Калузлија, првото село на кое наидовме веднаш штом почнавме да го искачуваме планинскиот пат до Плачковица. Гледајки не со недоверба, прво што не прашаа беше дали во семејството имаме заболени од вирусот. Откако одговоривме дека немаме, нашите соговорници се расприкажаа. Иако далеку од градот, вирусот го променил животот и во овој крај.

За прв пат за Рамазан џамијата ќе биде затворена.За разлика во градот, овде децата уживаат во принудното затварање на училиштата. Слободните денови ги поминуваат трчајки по широките ливади. Сепак тоа не значи дека треба да се запостават училишните задачи.

Нашето патешествие продолжува кон соседното село Јунузлија. И овде живеат јуруци, кои одвај говорат македонски.
Ракавици и маски носат помладите, но не низ селото, туку само кога се приморани да отидат во градот…

И во село Ќепеклија каде живет само седумина, немаат време за корона паника. Секојдневните обврски околу стоката и земјоделието не им дозволуват да се занимаваат со дневните статистики. Ниту знаат колку се заболени, ниту пак колку починале

Жителите на подплачковичките села се убедени дека местоположбата е нивната природна заштита. Веруваат дека единствен лек за пандемијата е чистиот воздух, здравата храна, но и секојдневното работење на нива.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста