Алфа истражува: Зошто таткото на Боки 13 и официјален сопственик на 1 ТВ е заштитен и по 30 месеци не се гони за насилство?

Седми јануари, Божиќ, 2017 година, ден кога комплетно се менува животот на еден свештеник, протојереј на МПЦ Охридска Архиепископија со име Виктор Стојчев, сопруг и татко на три деца.

Скандалозната случка која се утше нема правна разрешница, а започна на денот на Христовото раѓање, својата кулминација ја доживува околу 18:00 часот кога таткото на првоосомничениот во Рекет, Боки 13, односно Миле Јовановски влегува во дворот на свештеникот и физички го напаѓа додека свештеникот е во својот автомобил зад воланот.

Согласно професионалните новинарски правила се обидовме да добие став од човекот според снимките го нападнал свештеникот на МПЦ. Откако неколку пати безуспешно се обидовме да го добиеме по телефон ,Алфа вчера отиде во домот и обиде да добие одговор од Миле Јовановски што всушност се случило, но на соработка не наидовме.

За разика од неговиот син кој јавно тврдеше дека насилник е попот, а жртва семејството на Боки 13 , Миле Јовановски не ни одговори што всушност се случило и зошто случајот е заглавен во правните лавиринти.

Упадот во дворот, но и возилото на свештеникот од стана на сениор Јовановски се случил пред очите на трите деца и сопругата на Стојчев.

Откако ја отвора вратата и го напаѓа свештеникот, таткото на екс реалити sвездата, го вади Стојчев од автомобилот и ја продолжува физичката пресметка во дворот, по што свештеникот ја крши ногата.

За настанот сведочат и вознемирувачки видео и аудио материјали со помош на кои досега МВР и правосудните органи морале ,но не го затвориле случајот кој го го покажува гнилежот на македонските институции и врските меѓу власта, правосудните органи, МВР и други актери.

Тим на Алфа телевизија работи на оваа шокантна сторија и во тек се консултации со правни експерти кои треба да кажат дали можеме да ги објавиме сите материјали за случајот кој на нечие инсистирање е заглавен во јавното обвинителство.

На физичката пресметка во таа студена јануарска вечер и претходи вербална расправија околу паркинг простор.

Свештеникот и неговото семејство се враќаат од пат, но не можат да влезат во својата гаража оти автомобил на семејството Јовановски е паркирано токму пред влезот на гаражата.

Свештеникот со сирената три пати алармира дека патот му е блокиран, по што од куќата спроти него излегува Боки 13ка и веднаш почнува да го навредува свештеникот.

По навредите, свештеникот со смирен тон му одговара на Боки 13ка дека нема потреба од тоа, по што откако е поместен автомобилот, свештеникот се паркира во гаражата. Наеднаш се појавува постариот Јовановски и со навреди и тупаници го напаѓа свештеникот.

Иако е поднесена кривична пријава и извршени три вештачења на повредата на свештеникот, правна разврска на предметот се уште нема, а свештеникот и неговото семејство се уште живеат со траумата од Божиќ-от 2017.

Мери Ѓорѓиевска