Алфа го праша МВР и не доби одговор: Кој го следи Пендаровски?

МВР нема одговор на прашањето на Алфа дали имаат сознанија кој го следи кандидатот за претседател на владејачката гарнитура, Стево Пендаровски. Предпладнето добивме ветување од портпаролот Тони Ангеловски  дека ќе провери дали министерството истражува и до каде е евентуалната постапка за тоа која е странската служба што Пендаровски ја посочи како блиска на опозицијата дека го следела. „Да проверам и ќе ви јавам“, рече Ангеловски, но до почетокот на овие вести одговор немавме. По оваа изјава на Пендаровски, следеше нова синоќа. Овој пат не ја спомна службата, ама вели сигурно не биле папараци.

Како е возможно безбедносниот систем да не лоцира односно да дозволи странска служба да следи кандидат за претседател? Дали е ова признание на актуелните безбедносни служби дека немаат капацитет да знаат што се случува, особено кога е во прашање кандидат за претседател? Токму последново е дискутабилно и според противкандидатот на Пендаровски – Силјановска- Давкова.

Лидерот на опозицијата побара Пендаровски јасно да каже за која служба се работи.

Останува отворена дилемата која министерството треба итно да ја расчисти: како се гарантира безбедноста на кандидатите за претседател токму во овој и периодот на кампања што ќе следи, и зошто се случува вакво нешто кога земјава го доби 30тото столче во НАТО? 

Искра Коровешовска