Алфа го лоцираше Курто Дудуш – На прашањата тој молчеше и се смешкаше

Скопскиот основен суд наложи стражарно приведување на градоначалникот на општина шуто оризари од Курто Дудуш.
Одлуката е донесена откако Дудуш не се појави на рочиште на кое требаше да биде донесена пресуда за случајот во кој тој физички нападнал странски државјанин. По три одложувања на процесот денеска на рочиштето не се појавил ниту Курто ниту неговиот адвокат по што судот наложи за идното рочиште тој да биде донесен со полиција. Одбраната воопшто не доставила информации за одсуството од денешното рочиште по што од МВР се бара Дудуш да биде стражарно донесен.
Адвокатот на тужителот, Насер Рауфи смета дека Курто Дудуш не го почитува судот и според него, Дудуш си дава слобода да прави што сака и ја злоупотребува неговата фунција.

Да биде навредата за судот поголема Дудуш не беше во судница но беше во судот.
Со телефонот в рака излезе од зградата на основниот суд во Скопје- кога ја виде екипата на Алфа телефонот го стави на уво, во обид да разговара со некој, но молчеше и се смешкаше. Дудуш и денес пред камерата на алфа избегна да одговори на прашањата што јавноста ги очекува од него. И покрај обидите на Алфа и низата прашања за градоначалникот на Шуто Оризари засега ниту еден одговор

После три дена молк од општината Шуто Оризари, по вчерашната сторија на Алфа, каде вработени од општината ни се заканија и не избркаа од зградата. Денес конечно се јавија за став. Данчо Арсов помошник на секретарот, првично се јави во редакцијата на Алфа и побара директно да разговараме. Тој вели дека, не се сигурни дали луѓето кои не избркаа се вработени во општината, бидејќи првиот спрат во зградата не бил под нивна надлежност. За фиксните броеви на општината кои и се официјални- вели дека не биле исклучени туку недостапни поради некој дефект, кој наскоро ќе бил надминат.
Подоцна во кус разговор, не опомена разговорот да не биде објавен јавно.
Пред два дена во основниот суд во Скопје беше одложен и друг случај против Курто Дудуш. Случајот во кој тој физички и вербално напаѓа негов поранешен соработник кој беше откриен преку видеото кое го обајви порталот лидер. Во аудио снимката се слуша Дудуш како навредува, и му се заканува на лице со име сеад, се слушаат и звуци кои наведуваат дека градоначалникот на Шуто Оризари го удира Сеад.

Јована Грчева