АЛФА ЕКСКЛУЗИВНО: Криминална империја под опсада на државните институции

АЛФА ЕКСКЛУЗИВНО: Криминална империја под опсада на државните институции

Државните институции започнаа офанзива против криминалната империја која нанесе големо зло на македонските граѓани. Според непотврдени информации во тек се заеднички активности на повеќе институции меѓу кои на полицијата и Управата за јавни приходи, кои вршат претреси на повеќе локации во фирми и домови во Струмица, Скопје и Гостивар.

Засега она што се знае е дека се одзема огромна документација, но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. На полициски разговор се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми кои функционираат во систем на криминална пирамида која сигурно излегува и преку државните граници.

Она што исто така се знае е дека целата акција на институциите на државата е поврзана со докажување на повеќе кривични дела даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ддв со што е оштетен буџетот на граѓаните од неколку десетици милиони евра. На неколку локации можело да се забележи и присуството на лица за кои се мислеше дека и понатаму ќе бидат недопирливи за институциите на државата.

Неофицијално станува збор за удар на полицијата на струмичката империја составена од блиски луѓе на поранешниот премиер Заев.

Се работи за афера тешка неколку десетици милиони евра, а акцијата е насочена кон Крмзов кој е близок до семејството Заеви. Сомнежите се за милионско даночно затајување, перење пари, прикривање докази. Под полициска опсада е и позната вила Парк- Струмица.

Во овој случај се очекува и расплеткување на клопчето со проневерите на Еуростандард банка. Акцијата е во тек, а институциите кои ја координираат акцијата се Министерство за финансии, ОЈО и МВР.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста