Алфа ексклузивно ги објавува имињата на новите началници во МВР

12 позиции во МВР денеска добиваат нови началнички и раководни позиции по предлог на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев. Алфа екслузивно го објавува списокот на рокадите.

1 – Досегашниот началник на СВР Скопје Тони Јакимовски, се менува со Виш полициски советник Ристо Ставревски

2 – СВР Битола се менува Славко Јовановски, со Андреј Василевски

3 – СВР Велес се менува Злате Јаневски со Игор Ангеловски

4 – СВР Струмица се менува Танчо Пројковски со Васко Тодоров

5 – СВР Штип се менува Маријан Коцев со Александар Николов

6 – СВР Охрид се менува со Сашо Милески со Илија Милески

7 – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал се менува Лазо Велковски со Александар Јанев

8 – Началник на интервентна единица СВР Скопје се менува Примислав Димовски со Васко Наумовски

9 – Оддел за специјални полициски операции се менува Бранко Трајановски со Сашо Зенговски

10 – Помошник министер на Одделот за криминални истраги, за внатрешна контрола и професионални стандарди се менува Дејан Андонов со Филип Филиповски

11 – Оддел за внатрешни работи Прилеп се менува Игор Каравилоски со Трајче Горгиески

12 – Помошник министер на одделот на информатика и телкомуникации на место на Марјан Здравковски е именуван Здравко Стојков.

Чулев има право да назначи 15 нови позиции, за останатите три дополнително ќе одлучува министерот. Според законот актуелните раководители сега ќе станат заменски на новоименуваните и ќе имаат врзани потписи.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста