Алфа ексклузивно: Елаборатот за суспензија на ДУП-от кај Холидеј Ин изготвен уште на осми април, но 20 дена чека на доработка

Комисијата за урбанизам на општина центар уште на 8 април изготвила стручен елаборат за суспензија на деталниот урбанистички план за земјиштето кај Холидеј Ин. Сепак елаборатот зад кој стојат петмината архитекти членови на комисијата,а до кој дојде Алфа 20 дена чека на финално одобрување. Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ потврдува дека елаборатот е изготвен, но вели дека се доработува пред да биде испратен до министерството за транспорт и врски.

“Мораме да укажеме каде што сметаме дека има одредени постапки за кои што се водат одредени судски процеси. Што може да биде последица доколку се одлучи дел од планот или цел план да се стави под суспензија. Тоа не станува збор само за тој план туку за сите останати планови каде што констатираме одредени недостатоци. Најдобро е да ни биде дефинирано што треба и како за да утре кога ќе се донесе одредена одлука не се направи одредена штета. Му објаснивме на советот му доставивме информации и конечно со советот ќе ја донесеме конечната одлука, по празниците”, вели Богдановиќ.

Во елаборатот е наведено дека измените во деталниот, не се усогласени со генерлниот урбанистички план по повеќе параметри.

“Евидентно е повеќекратно надминување на урбанистичките параметри на деталниот урбанистички план во однос на параметрите планирани во генералниот урбанистички план.По број на жители, процентот на изграденост, коефициентот на искористеност и просечната катност. Експанзијата на домувањето и растот на бројот на населението не се правопропорционални на планирањето намени за јавни дејности дејности, институции и простори”, се вели во документот.

Исто така е наведено дека максималистичкото урбано планирање предизвикува низа проблеми. Како недоволна комунална, водоводна, канализациска, електрична, топловодна и сообраќајна инфраструктура.

Финалната верзија на елаборатот ја очекуваат и во транспорт и врски. Мннистерот Бочварски во последното телевизиско интервју истакна дека немаат добиено документ за суспензија туку единствено барање за мислење како тој да се изработи. Сепак законот вели дека при суспензија треба да почне постапка за нов детален план или негови измени. И тоа на јавен повик со дефинирани цени по метар квадратен.Според Богдановиќ непостоењето на ценовник е пречка, но така не мисли и Бочварски.

“Суспензијата на плановите е постапка која може да си тера тоа воопшто не е спорно. Но додека не биде донесен тарифникот, додека не бидат донесени подзаконските акти важат актите од претходниот закон. Прашањето за суспензија воопшто не треба да се поврзува со тарифникот бидејќи опција и можност на нова планерска куќа која ќе работи на новиот план има, а откако ќе биде донесен тарифникот ќе се работи по тој тарифник”, вели Бочварски.

Претходно Богдановиќ предупреди дека евентуална суспензија на деталниот урбанистички план би предизвикало финансиски последици за општината. Односно ќе треба да се плаќа оштета на инвеститорите. Од причина што тие веќе ги имаат уплатено комуналиите за проектот.

Во меѓувреме жителите на Градски ѕид се противат на изградба на висококкатници спроти Холидеј Ин. Велат дека тоа не го дозволува постоечката комунална и сообраќајна инфраструктура. Од друга страна жителите на Ново Маало се противат на суспензија и во новиот план гледаат надеж за нормнален живот преку обесштетување од инвеститорот.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста