Алфа ексклузивно – Душко млекарот обвинува дека СДСМ врши притисок врз судството да го стават в затвор

На Душко – млекарот човекот кој години наназад преку социјалните мрежи објавува материјали за нелегалното работење на актуелната власт, и се наоѓа во политички азил во Германија, му се заканува екстрадиција во земјава со цел да одлежи казна затвор. „Претходните само ме гонеа овие ме осудија вели Душко за Алфа. Битолскиот бунтовник ,познат уште од протестите во „Свед милк“, во време на „шарената револуција“, по две пресуди за учество во толпа и напад на службени лица, како што беше обвинет, од Кривичниот суд во Скопје заработи затворска казна од една и пол година, а во Основниот суд во Битола, од една година. Заради тоа што не е во земјава за него сега се распишани централна и меѓународна потерница и се бара негова екстрадиција од Германија. Таму живее со сопругата и децата.

– Во Скопје, тие што бевме снимени заедно со Кире Неделковски каде што ги туркаме железата, а и во “Свед милк“ ги туркавм,е железата, ама не бевме осудени. За железа туркање во Скопје бевме одуедени една и пол година, а од таа толпа само ние двајцата. Кире Неделковски го ослободија, а Душко Илиевски осуден, без ниту еден доказа, без ништо. Освен сведочење на полицијата, други докази нема – рече битолскиот млекар.

Според него ова е резултат на притисокот врз правосудните органи од страна на експоненти на власта, кои се мета на негови критики.

– Александар Кирацовски прави притисок врз судството за да бидам екстрадиран. Но, јас во Република Германија сум заштитен со политички азил. И во Судот, преку моите адвокати, беа дадени податоци каде живеам и дека сум во азил во Германија – рече Илиевски.

Денеска ја посетивме неговата мајка во семејната куќа во Битола која ни се пожали дека поради сите овие случувања околу Душко, нејзиниот сопруг Томе е тешко болен и се наоѓа во Клиничката болница во Битола.

– Го бараат да се врати назат за „шарената револуција“. Што направи Душко? Тие цела држава ја украдија и не ги затвораат. Зошто да го затворат Душко, кога толку не оштетија и сега стигнавме за социјална помош да дојдеме ние – рече мајката Лиле Илиевска.

Душко Илиевски, како активист на СДСМ активно учествуваше во „шарената револуција“, меѓутоа разочаран и под закана, како што вели, од поединци со кои влезе во кавга, со семејството пред неколку години побегна во Германија каде што доби политички азил.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста