Алфа дознава: Шансите за напредок на дводнвената средба на македонско-бугарската комисија речиси никакви

По една година пауза нова средба на македонско-бугарската историска комисија. Денеска и утре во Скопје се среќаваат тимовите на двете држави, а според најавите, ќе се продолжи онаму каде што застанала работата на претходната, 9-та седница, односно на дневен ред е прашањето за Гоце Делчев.

Извори на Алфа во македонскиот дел од комисијата меѓутоа брифираат дека со оглед на тврдиот став на бугарските колеги, но и на политичката номенклатура во Софија, средбата ќе биде практично од формален карактер, а шансите за напредок се минимални, односно речиси никакви.

Инаку, како што беше јавено претходно, на дводневната средба ќе се зборува за прашања и теми, во насока на надминување на историографските спорови, но и прашања кои во изминатиов период претставуваа пречка во работата на комисијата. Резултатите, какви и да бидат, ќе ги соопштат лидерите на македонскииот и бугарскиот дел од тимот на пресконференција закажана за утре во попладневните часови.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста