Алфа дознава: Преговорите пред финиш – во новата Влада ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ

Алфа дознава: Преговорите пред финиш – во новата Влада ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ

Дваесет дена по изборите, составот на владата начелно договорен. ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ, ЗНАМ се поизвесно се идните коалициски партнери.

Според информации на телевизија Алфа, во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе бидат Министерството за внатрешни работи, Финансии, Транспорт и врски, Образование, Министерството за култура, Министерство за надворешни работи, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Локална самоуправа, Министерство за одбрана, Енергетика, Политички систем.

Според наши информации од партиите, албанскиот партнер во идната Влада, Коалицијата ВРЕДИ, ги добива Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за здравство, за социјална политика, демографија и млади, за економија и труд, заедно со секторот Евроинтеграции, како уште едно Министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност..

И преговорите со ЗНАМ финишираат. Партијата на Димитриевски најверојатно ќе раководи со  две министерства, за Правда и новото министерство за администрација.

Соред извори на телевизија Алфа, извесно е дека новиот собраниски спикер ќе бид од редовите на ВРЕДИ.

Партиските брифинзи се дека овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада.

Со ваква владина коалциија, мандатарот Христијан Мицкоски ќе располага со дво-третинско мнозинство пратеници во Собранието, колку што е потребно да се направи реорганизацијата што беше најавена во прредизборната програма Платформа 1198.

ВМРО-ДПМНЕ, има намера да создаде две нови министерства, за енергетика, рударство и минерални суровини, министерство за спорт, каде што ќе влезат сите државни институции кои се занимаат во овие ресори. Предвидена е и поделба на министерството за труд и социјална политика, ресорот туризам од Министерството за економија оди во Министерството за култура.

Реорганизацијата на институциите што ја планира ВМРО-ДПМНЕ откако ќе се формира новото мнозинство, предвидува досегашната Агенција за млади и спорт да биде трансформирана во Министерство за спорт, а секторот млади да влезе во реструктуираното Министерство за социјална политика, демографија и млади. Ресорот труд пак, од досегашното Министерство за труд и социјала, влегува во Министерството за економија. Се планира и министерството за информатичко општество и администрација, да стане за дигитална трансформација – така ќе имало поголема транспаренстност и отчетност пред граѓаните, но и подобри услуги.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста