Алфа дознава: Главниот кризен штаб ги прифатил сите препораки на Комисијата за заразни болести

Главниот кризен штаб во Владата, денеска ги прифатил, сите предлози, кои, Комисијата за заштита од заразни болести ги даде во последните три недели. Од Владата за Алфа брифираат, дека мерките, ќе се најдат на дневен ред на следната владина седница.. Комисијата, до сега предложи – сетификатот за прележан ковид,  да важи 180, наместо  45 дена; бремените жени – да се вратат на работа; слободен излез од државава, без поседување на ПСР-тест,  потврда за прележан ковид, или сертификат за вакцинација; а без сертификат – да се влегува во шопинг моловите, но не и во угостителските објекти. Главниот кризен штаб заседавал утрово во 10 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста