Алфа дознава: „ЕСМ“ купиле струја за 3,85 милиони евра за само 7 дена

„Електрани на Македонија“ купиле ново количество струја за потрошувачка за 7 дена, односно за следниот период од 6 до 12 декември, за што ќе плати високи 3,85 милиони евра, дознава Алфа.

Информацијата не е јавно достапна на интернет страницата на „ЕСМ“, а струјата ќе се набавува од три компании. Највисоката цена е 325 евра за мегават час, останатите две се нешто над 324 евра за мегават час. Дравата ќе купи од овие добавувачи 100 мегвати електрична енергија, што е капацитет на пола блок од РЕК „Битола“.

Во меѓу време, Владата без конкретен став по барањето на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на енергетската криза, откако опозицијата побара итно да се закаже собраниска седница, на која ќе се расправа за предвидување на 250 милиони евра, како субвенции за струја, за граѓаните и компаниите. Од Владата испратија соопштение во кое нема ниту еден конкретен одговор. Велат дека биле фокусирани на справување со енергетската криза.

  • За на справување со енергетската криза, вклучени се раководствата на компании од енергетскиот сектор и владини институции, а заложбата е граѓаните да се заштитат граѓаните од ценовни шокови, а за компаниите да се обезбеди најповолната цена на електричната енергија, велат меѓу другото од Владата.

Од ВМРО-ДПМНЕ предлагаат субвенционирање на граѓаните и компаниите, зашто како што велат, Владата неуспешно се справувала со енергетската криза.

  • Сметаме дека ситуацијата е крајно сериозна и не смееме да дозволиме оваа енергетска криза дополнително да го загрозува стандардот на граѓаните кои и онака е лош со оглед на тоа дека веќе две години сме соочени и со здравствена криза која дополнително го влошува животот на граѓаните. Наместо Владата да се занимава со пазарење на пратеници за обезбедување на мнозинство ние како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе помогнеме во интерес на граѓаните доколку Владата ги исполни нашите барања кои се од големо значење за анулирање на последниците од оваа енергетска криза, вели Мисајловски.

Во меѓувреме до 9-ти јуни е продолжена кризната состојба во снабдувањето со струја. Владината предлог-одлука е доставена на усвојување до Собранието.

  • Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија, велат од Владата.

Поскапувањето на струјата ќе биде неизбежно, но долговите што се трупаат ќе ги плаќаат граѓаните, велат експерти за Алфа, по најавите дека струјниот шок силно ќе удри врз грбот на народот. Од Владата велат дека ќе има поскапување, но за колку се уште се правеле пресметките. Неофицијално, поскапувањето на струјата ќе биде за над 20%.

За ублажување на енергетската криза, по повеќе годишна пауза термоелектраната „Осломеј“ во Кичево започна со работа. Стартот се врши претпазливо со оглед дека таа подолг период не работеше. Планирано е да работи до април следната година. Со тоа, домашното производство на струја се засилува, покрај капацитетите во „РЕК“ Битола. Владата веќе ја задолжи „ЕСМ“ да набави мазут и за ТЕЦ „Неготино“ – по што со работа би започнал и овој комбинат. Но и покрај сите капацитети проблемот со недостаток на струја се уште постои.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста