Алфа анкета: Како жителите на Софија гледаат на бугарско – македонскиот спор?

Македонско-бугарскиот спор очигледно не е премногу важен за бугарските граѓани, барем оние кои ги сретнавме во Софија. Повеќето сметаат дека Бугарија треба да го тргне ветото за Македонија и без претходен договор за отворените билатерални прашања.

Дека мислењето на бугарските граѓани се менува потврди и неодамнешната анкета која ја нарачала Бугарската национална телевизија според која речиси 61% од испитаниците сметаат дека Македонија треба да стане дел од ЕУ, што значи зголемување од 13 отсто во однос на ноември лани.

Цврстите ставови на бугарските власти очигледно не ги делат и граѓаните на Софија. Оние кои говореа пред камерата на Алфа велат дека Македонија треба да стане стане дел од европското семјество.

Од Софија за Алфа Ивана Соколовиќ Најдова

Advertisements