Приказните за смиљковскиот масакар, што екс премиерот Зоран Заев им ги кажувал на семејствата на убиените и адвокатите на обвинетите, денеска беа повторно тема на рочиштето за овој случај. Синиша Алксоски поранешен советник за безбедност во претседателскиот кабинет, за кого Заев зборувал дека стои зад петкратното убиство и дека неговиот мобилен телефон бил најден на местото на убиството во судница во својство на сведок, кажа дека ништо од тоа не е вистина, а Заев го злоупотребувал неговото име.

Ова лично Алексоски му го кажал и на Заев на двете средби кои ги имал со него. Сведокот имаше одлична меморија за настаните, пред и после петкратното убиство, заклучи адвокатката на семејствата, но ништо поразлично од тоа што веќе го има во пресудата и обвинението.
Во времето кога бил командант на единицата алфи, 30 месеци пред да се случи крвавиот велики четврток, посочи дека возилото опел омега со кое се возеле убијците, не било на алфите, како што кажувал Заев. Во време на Алексоски единицата возела опел вектра, а што возеле после неговото заминување од позицијата командант, упати да се дозне од актуелните раководители на интервентната единица.

Обвинетите лично не ги познавал, но во полициска евиденција фигурирале имињата на тројца од нив – Алил Демири, Фејзи Азири и Африм Исмаиловиќ Алексоски рече дека не е член на ВМРО ДПМНЕ, рче дека нема никава партиска функција во партија, рече дека бил обичен државен службеник во кабинетот на Иванов, а сега работи во Агенцијата за разузнавање.
Одбраната бараше да го консултираат Алексоски како доктор на науки по радикализам, на што се спротивстави обвинителката Фатиме Фетаи, бидејќи тој бил повикан во својство на сведок.

Катерина Гетева