Текстилни работници на принуден одмор – на глава им висат откази поради собранискиот театар

Егото на пратениците и преседателот на Собранието е поголемо од борбата за егзистенција на илјадници работници кои во моментот се соочуват со откази и принудни одмори, реагираат од штипското здружение „Гласен Текстилец„. Силните реакции доаѓаат откако  5-тиот сет заглави , а неговото не донесување се претвори во вистинско фијаско. Во меѓувреме УЈП го пролонгира рокот и фирмите  за пријавување за помош ќе може да аплицираат до 31април, што значи дека платите за февруари и март, на сметката на работниците ќе им легне најрано на 15-ти наредниот месец..

 „Се надевам дека ќе се вразумат за да не го изреволтираат овој наш мирен народ ..но кога ви е празен фрижидерот, кога ги немате подмирено сметките, кредитите спрема банките, кога извршителите ви ги блокираат сметките, ваквото нивно однесување ќе создаде само револт и не знам како ќе биде понатаму„- изјави Кристина Ампева од „Гласен Текстиец„

Над 3.500 текстилни работници во Штип веќе втора недела се на принуден одмор. Доколку петиот пакет мерки не се донесе се калкулира дека нивниот број тројно ќе биде зголемен. Голем дел од погоните се затворени, а работниците што одат на работа се во постојан грч стравувајќи од тоа што ќе им донесе наредниот ден..

 „Ќе биде тешко за вработените, но се надеваме дека ќе почнеме пак да работиме. Секој сака да работи, секој сака да зема плата. Сите имаме кредити. Од што ќе ги плаќаме?НИе немаме ништо тргнато настрана, па да можеме да прживееме во овие тешки денови. Го купуваме само основното, тоа што ни е потребно. ПЛатата ни е само да преживееме, ја трошиме само за храна„-велат текстилните работнички

Петтиот сет на мерки е задоцнет и не е доволен, а под знак прашалник се доведува колку од компаниите ќе може да ги исполнат критериумите.

Засега се уште е неизвестно до каде се постапките за евидентираните злоупотреби на претходните четири економски мерки, кога дел од компаниите исплаќаа 70%, 50% или воопшто не исплатија плати од доделените буџетски средства. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста