Закани и уцени – оризопроизводителите под притисок да го откажат утрешниот протест

Бркање од работа, неисплата на субвенции вакви закани и уцени во изминатите 24часа стигнале до кочанските оризопроиводители.  Тврдат дека притисокот од страна на локални моќници кои имаат за задача го задушат утрешниот  масовен протест,  е огромен. Категорични се,не отстапуваат од своите барања. Од утре , па секој втор ден се додека не им се реши проблемот ,со  земјоделска механизација ќе го блокираат регионалниот пат Шип-Кочани.

„Притисокот е огромен, но веќе не се плашиме.Што сака нека се случи, ние живееме од ориз. Ќе излеземе да си ја кажеме маката. Ако не слушне некој арно, но да не исплашат повеќе не можат. Од куќа на куќа одат и претат. Нема да земете субвенции, ќе ве бележат, детето ќе ти го избркат од работа„ – изјави Здравко Арсов од Иницијативниот одбор на оризопроизводители.

Оризопроизводителите бараат на утрешните барикади до нив да застанат и народните избраници од 3 И.Е., од кои ќе бараат да им објаснат зошто не ги оствариле ветувањата  што им ги дале во време на кампањата .

„Кампањата им беше штом ќе дојдеме на власт, оризовата арпа ќе се продава за 25, а оризот за 50денари.од сето тоа ветер и магла, ништо нема„ – изјави Арсов.

Оризопроизводителите бараат исплата на субвенциите пред стартот на новата сеидба, повисока откупна цена, исчистени канали и навремено пуштање на водата за наводнување. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста