Штипска фирма за горење на гуми и пластика го загадувала воздухот

Пепелта од согорување на гуми и пластика ја чувале во вреќи полегнати по земја, а  при согорувањето во атмосферата испуштале канцерогени гасови кои делуват на повеќе органи и предизвикуваат трајни последици. Течното гориво од топењето  наместо на водонепропусна подлога, го  складирале во цистерни на палети. Вистинско труење на воздухот се случувало на само 8километри надвор од Штип.  На штипска инсталациј САНС –АГ и се заканува одземање на Б интегрираната дозвола, откако инспекторите утврдиле дека во ниту еден аспект од технолошкиот процес не се применуваат уредбите утврдени со закон. Дека загадувачот не работи согласно законските прописи до инспекторатот  и претходно биле доставени преставки, но никој не реагирал. Слична ситуација имаше и во Кочани каде што  еко активистите три години постојано алармираа дека тамошниот најголем загадувач фабриката Пејпер мил манипулира со бројките, а мерењата ги прави неакредитирана лабараторија.

  „ Ние на тоа нешто упатувавме уште на првите протестаи. Уште тогаш укажувавме дека резултатите што тие ги пласираат во јавноста не коренсподираат со тоа што ние го гледаме на терен. На нас не ни се потребни мерења за да видиме дека не можеме да дишеме . ние апелиравме, но долго време немацме слух, се до премоната во инспекторатот која донесе позитивен инпакт„ -изјави Зоран Тодоров

  Во континуитет Македонија е на листата  на земји во светот по загаденост. Лекарите постојано алармираат дека загадениот воздух  ги зголемува ризиците од рак и други болести, а дополнително загрижува и фактот што загаденоста влијае и врз клиничката слика на веќе инфицираните пациенти со ковид. И студија на научници од Германија и Кипар укажува дека 15% од смртните случаи од КОвид-19 најверојатно се должат на загадениот воздух..

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста